Warning: Creating default object from empty value in /home/customer/www/bibliobum.mk/public_html/wp-content/themes/salient/nectar/redux-framework/ReduxCore/inc/class.redux_filesystem.php on line 29

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /home/customer/www/bibliobum.mk/public_html/wp-content/themes/salient/nectar/redux-framework/ReduxCore/inc/class.redux_filesystem.php:29) in /home/customer/www/bibliobum.mk/public_html/wp-content/plugins/sg-cachepress/core/DNS/Cloudflare.php on line 104
Дома - #БиблиоБум

#БиблиоБум е 6 месечна пилот програма која има за цел да креира позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси на библиотеките со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.

Во програма ќе бидат вклучени седум библиотеки во Македонија кои  ќе работат на дизајнирање на програми кои ќе одговарат на потребите на заедницата. Од секоја библиотека ќе бидат вклучени двајца вработени и еден волонтер.

Анализирање на библиотеките низ Македонија и селекција на учесници

По пат на истражување, теренска посета и анализа на податоците мапиравме седум библиотеки низ Македонија кои влегуваат во пилот програмата. Секоја од библиотеките пријавува по двајца вработени како учесници.

Со помош на библиотеките регрутираме по еден волонтер за секоја библиотека кој ќе помага во креирање на концепти, развој на идеи и организација.

Повикот може да се најде на следнив линк (кликни овде). Рок за аплицирање до 05.12.2018 година, 18:00 часот.

Програма за дизајнирање на услуги

По изборот на учесниците, започнуваме со програмата за креирање на нови услуги и активности кои ќе ги спроведуваат библиотеките по нејзиното завршување.

Програма ќе биде базирана на дизајнерска методологија која фокусот го става на потребите на корисникот, и со чија помош библиотеките преку неколку работни средби ќе успеат да дојдат до идеи за нови услуги и активности кои се потребни во нивните заедница.

Започнувајќи од идентификација на потреби и проблеми преку дефинирање на сознанија и генерирање на идеи, програмата ќе заврши со концептуализација на идеите во конкретни предлози за решенија кои се оддржливи и помагаат во активирање на локалната заедница.

Имплементација на концептите

По завршување на програмата, секоја од библиотеките со својот концепт ќе аплицира за мал грант кој ќе им помогне да отпочнат со активностите.

СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации Скопје е задолжена за имплементација на проектот во партнерство со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Амбасадата на САД во Македонија е главниот и единствен финансиски поддржувач на проектот.

Повик за волонтери

Аплицирај

Детали за програмата

Прегледај